Девет кандидати за судии на Уставниот суд предложија членовите на собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувања

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Девет кандидати за судии на Уставниот суд предложија членовите на собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата на денешната седница.

Пратениците од власта ги предложија републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер и Тања Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ предложи шест кандидати: универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во рамки на седницата предложи кандидатите за уставни судии да имаат лично обраќање и претставување во времетраење од 15 минути, за, како што рече, пратениците да можат освен биографијата, од предложените кандидати за уставни судии во живо да ги видат и да ги слушнат нивните размислувања за работата на Уставниот суд, за нивните познавања за надлежноста на Судот и нивните лични биографии и размислувања во однос на тоа зошто тие сметаат дека секој од нив да биде компетентен или добар совесен член на Уставниот суд во иднина.

– Затоа барам во овој дел и тоа претходно го спомена и колегата Диме Велковски дека нема против, но има широка дискусија во која би имало и лично претставување и на предложените кандидати за членови на Уставниот суд. Ова го говорам затоа што сметам дека нема да одземе многу време – рече Милошоски.

Денешната седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се одржа по речиси една година откако Уставниот суд работи со намален број на судии поради испразнети места.

Уставниот суд во моментов работи без четворица судии на кои им истече мандатот, од предвидени девет судии. Во нецелосен состав е околу една година откако кон крајот на мај лани им истекоа мандатите на тројца судии – Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски. Кон средината на јануари годинава, пак, му заврши мандатот и на судијата Јован Јосифовски.

Share This Article