Детскиот фонд на ОН вели дека децата во Газа пијат солена вода

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Израелски тенкови, поддржани со пешадија, продолжија да синоќа со навлегување во Појасот Газа додека најголемиот израелски воен напад врз палестинската територија во последната деценија продолжи да се шири.

По три недели масовни израелски воздушни напади врз густо населениот Појас Газа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сега зборува за „втората фаза“ од војната, бидејќи повеќе копнени сили навлегуваат во таа територија. Израелската војска се соочува со долг, интензивен конфликт во Газа, според израелски експерт за безбедност и поранешен висок функционер.

-Тоа нема да биде Блицкриг или Шестдневна војна.Армијата ќе мора да оди напред „метар по метар“ бидејќи војниците се обидуваат „да убијат што е можно повеќе терористи на Хамас“, додека избегнуваат цивилни жртви- рече Амос Јадлин, поранешен шеф на израелското воено разузнавање, мислејќи на молскавична победа на Израел во 1967 година над Египет, Јордан и Сирија.

Тој истакна дека палестинските милитанти имаат широк систем на подземни бункери и тунели.

Во светот вчера имаше нови протести против се поубиствените напади на Израел врз Појасот Газа.

ОН се загрижени за хуманитарна ситуација откако луѓе упаднаа во магацините на агенцијата за помош за да ги добијат основните залихи храна во Газа.

Нетанјаху ја опиша целта на офанзивата како уништување на воените капацитети на исламистичката група Хамас, која владее со Газа од 2007 година и отстранување на групата од власт.

Нетанјаху рече дека војниците, исто така, ќе бараат ослободување на најмалку 230 луѓе од Израел киднапирани од страна на милитантите на Хамас и за кои се верува дека се заробени во Газа.

Израелски проектили и воени авиони постојано го гранатираа Појасот Газа откако милитантите на Хамас започнаа разорен и голем напад врз Израел на 7 октомври, во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе, вклучително и цивили.

- Advertisement -
Ad image

Израелската војска ги опиша војниците како „одлучни и високо мотивирани“ за борбата.

Началникот на Генералштабот на земјата, Херци Халеви, рече дека војниците „никогаш нема да ги заборават децата кои беа убиени“ и дека сликите од злосторствата на Хамас „ќе бидат однесени на бојното поле“.

Во густо населениот и главно затворен Појасот Газа, израелското бомбардирање ги остави цивилите очајни за засолниште.

- Advertisement -
Ad image

Околу 60.000 луѓе се собраа околу болницата Дар ал-Шифа, најголемиот медицински центар во Газа, со надеж дека ќе најдат некаква заштита. Сликите од болницата емитувани од Си-Ен-Ен и Ал Џезира покажаа луѓе како кампуваат под импровизирани церади.

Израелската војска ги обвини милитантите на Хамас дека ја користат болницата како оперативна станица и дека има подземни тунели под болницата.

Израелски беспилотни летала, воени авиони и проектили немилосрдно гаѓаат цели низ Газа под контрола на Хамас. Министерството за здравство, што е под контрола на Хамас, објави дека бројот на загинати во Газа е над 8.000 од почетокот на војната.

Речиси сите телефонски и интернет конекции во и со Појасот Газа беа прекинати околу 36 часа додека не беа полека обновени вчера.

Најмалку дваесетина новинари се убиени во Газа од почетокот на војната, според Комитетот за заштита на новинарите.

Во меѓувреме, Нетанјаху и израелската војска, исто така, се соочуваат со притисок од семејствата на израелските заложници кои ги држи Хамас да ги вратат живи, нешто што веројатно ќе стане потешко како што војната ќе се интензивира.

Нетанјаху во саботата првпат се сретна со семејствата на заложниците, од кои многумина бараат итен договор за ослободување на нивните најблиски.

Низ светот се засилија повиците за прекин на огнот за да се овозможи поитно потребна помош за цивилите заробени во Појасот Газа.

Израелската информативна веб-страница Ynet ги цитираше официјалните лица на египетскиот граничен премин Рафа дека 23 камиони со хуманитарна помош ја преминале границата во Газа во неделата вечерта, со што вкупниот број за тој ден достигна 33 камиони. Тоа беше најголемиот дневен конвој досега од почетокот на војната.

Сепак, според хуманитарните организации, тоа се уште не е доволно за снабдувањеповеќе од 2,2 милиони жители во Појасот Газа. Тие рекоа дека секој ден се потребни по 100 камиони.

На Западниот Брег израелските трупи извршија дополнителни рации на неколку палестински градови и бегалски кампови во неделата. Петмина Палестинци беа убиени за време на конфронтациите со израелските војници на четири различни локации во неделата, соопшти Министерството за здравство во Рамала.

Израелските сили уапсија повеќе од 1.030 Палестинци обвинети за „вклучување во терористички активности“ на Западниот Брег во трите недели од почетокот на војната во Газа. Ситуацијата на Западниот Брег, веќе тензична и на моменти насилна, значително се влоши за време на конфликтот во Газа.

Share This Article