Деца ширум Велика Британија се снимаат и се фотографираат додека убиваат и мачат животни

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Деца ширум Велика Британија се снимаат и се фотографираат додека убиваат и мачат животни, а сето тоа го објавуваат во групите на апликацијата Вотсап (WhatsApp), открива Скај њуз.

На некои видеа, повредените животни полека умираат откако децата ги застрелале со чатал за лов, а на други, ги удираат и ги малтретираат животните откако ги погодиле. Децата на видеата позираат држејќи трупови од животни. Најдени се речиси 500 членови во овие групи на Вотсап, кои споделиле повеќе од 350 фотографии и видеа од животни убиени или повредени од пукања.

– Раните на главите и на вратот на птиците се резултат на чисти истрели, а повредите биле убиствени. Некои птици имаат скршеници во пределот на лицето, а некои имаат тешко повредени очи и пукнати дишници. Станувам емотивен кога гледам повредени животни. Тие биле мета само поради лоша забава – изјави волонтер во светилиште.

Во едно споделено видео, се гледа дете кое со чатал погодило елен којшто грчевито лежи со рана на главата. Момчето стои над животното и го клоца.

Во друго видео, тинејџер држи чатал и снима гуска додека се дави откако ја застрелал.

– Ова е нов чатал, а гуската е мртва како додо – коментира тој во видеото.

Децата снимаат и гласовни пораки на Вотсап, во кои ги опишуваат нивните убиства.

– Топката помина директно низ главата на зајакот – вели дете во една од гласовните пораки.

– Денес убив 16 животни, момци – стои во содржината на друга порака.

- Advertisement -
Ad image

Активистите за правата на животните од Кралското друштво за спречување на суровоста кон животните сметаат дека групните видеа и фотографии се ужасни и велат дека тоа е нов тренд.

Суровоста врз животните поттикна повици за измени на законот за оружје бидејќи чаталите не се класифицирани како нелегално оружје, па може законски да се купат и да се поседуваат.

Новинарите на Скај њуз стапиле во контакт со надлежните за Вотсап кои велат дека материјалот споделен во контроверзните групи е против условите за користење на апликацијата.

- Advertisement -
Ad image

– Ние одговараме на барањата за спроведување на законот врз основа на важечкиот закон и политика – рече портпаролот на Вотсап.

Предупредување, видеото содржи вознемирувачка содржина.

Share This Article