Детето со туберкулоза не било занемарено од семејството

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Досега не се утврдени елементи на занемарување кај деветмесечното бебе со туберкулоза од Куманово, хоспитализирано на Интензивна на Клиниката за детски болести, а по направениот увид потврдено е дека семејството не е евидентирано во Центарот за социјална работа – информираше вчера министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Таа рече дека ќе ги почекаат извештаите од стручниот тим од Куманово од увидот и потоа ќе ги известат медиумите за состојбата во домот и дали е нешто дополнително утврдено.

– Центарот за социјална работа навреме реагираше. Не се утврдени никакви елементи на занемарување кај детето во Куманово. Веднаш е направен увид во документацијата, дали се приматели на некакво право, дали се евидентирани во Центарот. Во Центарот во Куманово не се евидентирани. Мајката прима надоместок за трето дете, меѓутоа во периодот кога се родило детето таа е со лична карта од Шуто Оризари и го прима преку Центарот за социјални работи во Скопје. Вчера излегол веднаш на терен стручниот тим од Центарот за социјални работи во Куманово, меѓутоа родителите не се најдени дома, по телефон се контактирани. Вчера родителите со двете останати деца биле овде во Скопје да направат дополнителни анализи за да видат дали и тие имаат некакво заболување и е договорено денеска во текот на денот стручната служба да направи увид во домот на семејството за да видиме каква е состојбата во домот и врз основа на тој наод ќе ги известиме медиумите за она што е од денес утврдено – рече министерката на конференцијата на тема „Жени во политиката“.

Тренчевска нагласи дека станува збор за бебе кое што е родено предвреме и трето дете на мајката, и нема никакви индиции дека се работи за некакво занемарување.

Share This Article