More

    Дете загина во синоќешните напади во Запорожје и во Дњепар

    spot_img

    Руските трупи полека, но стабилно напредуваат северно од Харков, вториот по големина град во Украина на истокот на земјата. „Киев пост“ наведува дека ова се случува додека украинската војска ја продолжува офанзивата во руската погранична област Курск која започна на 6 август.

    Американскиот институт за проучување на војната (ИСВ), повикувајќи се на геолокацирани снимки направени на 1 септември, објави дека руските трупи напредувале внатре во селото Хлибоке во западна Украина, кое се наоѓа на 30 километри северно од Харков и седум километри јужно од руската граница. Русите се обидуваат да го нападнат тоа село барем од почетокот на јули.

    Од другата страна на границата, во рускиот пограничен регион Белгород Украинците со дронови ја нападнаа црквата Св. Никола. Руското министерство за одбрана соопшти дека Русите распоредиле ПВО системи во областа.

     

    Руските сили го гранатираа регионот Запорожје во текот на ноќта, при што загинаа најмалку две лица, меѓу кои осумгодишно дете, а уште две се повредени, соопшти Иван Федоров, шеф на воениот регион Запорожје.

    „Осумгодишно дете и 38-годишна жена загинаа, 12-годишно девојче и 43-годишен маж се повредени како последица на рускиот напад врз Запорожје”, напиша Федоров на Телеграм, пренесува Укринформ.

    Руските сили исто така синоќа истрелаа ракети врз градот Дњепар, при што загина едно лице, три се ранети, а оштетени се куќи во еден кварт, соопшти на Телеграм гувернерот на регионот Дњепропетровск, Сергеј Лисак.

    Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 27 од 35 руски беспилотни летала. Во соопштението се додава дека руските сили во нападот користеле три балистички ракети и една наведувана ракета.

    Аналитичарите претпоставуваат дека Русија ќе стигне до клучниот Покровск во средината на септември, а се стравува дека паралелниот упад на Украина во руската област Курск може да му одговара на Владимир Путин.

    Додека Русите напредуваат кон Покровск, украинскиот лидер Володимир Зеленски се соочува со бројни критики дека го оставил градот „на милост и немилост“ затоа што прераспоредил војска од градот за својата офанзива во Курск.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img