Дури 296 часа по првиот разорен земјотрес што го погоди јужниот дел на Турција, три лица, меѓу кои и едно дете, беа спасени од урнатините на зграда во Антакија, јавува Анадолија.
Спасувачките екипи, меѓу кои и спасувачите од Киргистан, по спасувањето ги предале повредените на медицинските служби, по што биле пренесени во болница.
Спасени се жена, маж и дете, чиј идентитет сѐ уште не е утврден.
Турскиот претседател Ердоган најави дека од 15 март ќе почне обновата и изградбата на нови 30.000 домови во погоденото подрачје, со цел да им се даде повеќе време на спасителите кои се во потрага по преживеан под урнатините.