Моти Маман, 73-годишен пензионер, е израелскиот државјанин уапсен под сомнение дека планирал да го убие Бенјамин Нетанјаху во план смислен од Иран.
Израелските безбедносни служби соопштија дека го уапсиле Моти Маман во август откако тој присуствувал на 2 состанока во Иран кој побарал од него да го убие израелскиот премиер.
Министерот за одбрана, Јоав Галант, и директорот на израелската безбедносна служба, Шин Бет Ронен Бар, исто така биле мети на планираниот атентат.
„Израелскиот државјанин влегол во Иран, шверцуван преку граница, скриен во камион. Тој се сретнал со ирански разузнавачки агенти кои му побарале да спроведе активности за Иран на израелска територија, вклучително и атентати“, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ).
Тој исто така наводно добил 5.000 евра за присуство на состаноците.
Ејал Бесерглик, адвокатот на обвинетиот израелски бизнисмен, Маман, рече дека неговиот клиент направил „грешка во проценката“ и дека соработува со израелските разузнавачки агенции, пишува порталот Телеграф.
– Веќе може да се каже дека станува збор за лице кое многу им помогнало на безбедносните служби на Израел, а неговите деца служат во безбедносните сили – додаде Бесерглик.
Израел тврди дека Иран побарал од Маман да ги изврши атентатите како одмазда за убиството на Исмаил Ханија, лидерот на Хамас, на иранска територија во јули, што Техеран му го припиша на Ерусалим.