More

    Дестабилизацијата е можна, но не заради одлуката на Уставниот суд за Законот за јазиците

    spot_img

    Одлуката на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците нема да придонесе за никаква дестабилизација, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со потенцијалот за дестабилизација по одлуката на Судот, кој наскоро треба да ја оценува уставноста и законитоста на контроверзниот Закон за употреба на јазиците.

    – Јас сум човек кој ги почитува Уставот и законите и не очекувам кој било што добива плата и ужива привилегии на грбот на граѓаните овде кај нас да не ги почитува македонските закони и македонскиот Устав. Можеби мене ми претставува проблем нешто коешто е направено изминатиот период со Уставот и колку и да не се согласувам интимно и сум против тоа како што е користење на придавката Северна пред нашето име, кое е дел од нашиот Устав, но јас додека ја вршам оваа функција ќе стојам пред тој знак, затоа што не сакам на тој начин да го навредам македонскиот Устав и македонските закони. Некогаш реалноста може да не ви се допаѓа, но вие морате да ја прифатите таа реалност, ако навистина се борите за владеење на правото – рече денеска премиерот Мицкоски.

    Тој додаде дека во животот работите не се секогаш според посакуваното и тоа е суровоста во оваа работа, која ја работат.

    – Ова е правило на игра, а правилото вели: владеење на право, почитување на закони и почитување на Устав. Не треба да има никој дилема поврзана со тоа прашање. Јас повторно замолувам да не се прави притисок на отворена сцена врз судовите, колку и да е ниска довербата во тие судови кои се партизирани и опструирани од претходната влада на СДСМ и ДУИ  истакна Мицкоски.

    На прашање дали смета дека треба да свика лидерска средба или да заседава Советот за безбедност заради можна дестабилизација по одлуката на Уставниот суд, тој повтори дека таа одлука не може да прдонесе за дестабилизација и за загрозување на безбедноста.

    – Безбедносната состојба е стабилна. Но, има одредени структури во општеството кои имаат намера за да го заштитат својот капитал стекнат на криминален начин да предизвикаат инциденти и одредена дестабилизација. Доколку тоа се случи ние имаме намера многу објективно и многу резолутно да реагираме во заштита на безбедносната состојба во нашата татковина – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img