Деспотовски не е задоволен со динамиката на изградбата на фабрика за е-автомобили во Тетово

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По 11 месеци разговори, компанијата која планира инвестиција за електрични автомобили во Тетово потпиша договор со три домашни градежни фирми за изградба на објектот. Моментно се чека Владата да даде согласност на договорот за закуп на земјиште, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски.

Како што оцени Деспотовски, работите течат, но не со посакуваната динамика.

-Во моментот „топката“ е кај Владата. Очекуваме согласност за давање на земјиштето под закуп во наредните неколку недели. Веднаш потоа обврската ќе биде наша, на Дирекцијата, соодветно да го подготвиме земјиштето. Теренот, целата зона таму, е под ризик од поплава. Работите се движат, но не со посакуваната динамика. Подготвителните работи се веќе завршени, имаше тестирање на земјиштето. Практично, работите се почнати, но, сепак, кога ќе видиме багери и градежни машини на локацијата, тогаш можеме да кажеме, да, активностите почнаа – потенцира Деспотовски.

Владата пред една година со „Некст.Е.ГО Мобиле“ потпиша договор за државна помош за нова инвестиција, која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO во ТИРЗ Тетово.

Share This Article