Израелската армија денеска соопшти дека убила десетици палестински борци и запленила значителен број оружја за време на борбите низ Појасот Газа во изминатите 24 часа.
Израел ја концентрираше својата воена кампања во јужниот град во енклавата Кан Јунис, каде, според информациите на одбранбените сили, на пешадијата во борбите им приклучиле тенкови и борбени авиони.
„Во текот на изминатите 24 часа беа елиминирани десетици милитанти и запленети се големи количини оружје“, се наведува во официјалното соопштение на израелската армија.
Исто така, се вели дека израелските специјални сили сè уште дејствуваат во областа околу и внатре во болницата „Насер“ во Кан Јунис.