Десет лица загинаа во пожар што избувна во седумкатница во предградие на Лион, а во исклучително тешка здравствена состојба се 4 други лица, јави дописникот на МИА.
Пожарот избувна во 3.12 часот утринава, во источните предградија на Лион, наведе префектурата на Рона, според која во нсреќата загинааа најмалку 10 лица, од кои 5 се деца.
Првичните информации говораат дека во пожарот има и 4 потешко и 10 полесно повредени лица, од кои двајца се пожарникари.
Во гаснењето на пожарот се мобилизирани околу 165 пожарникари и над 70 возила.
Пожарот во меѓувреме е изгаснат, известија од префектурата.