Десет дена трае потрагата по исчезнатиот 31-годишен Мартин Јовановски, кој со своите пријатеи беше повлечен од морските струи кај Посиди на првиот крак од Халкидики, Грција.
Неговиот брат Горан е дојден од САД со сопругата и со 10-месечното дете за да се приклучи во потрагата и да биде со својата мајка.
Горан апелира до грчката влада повторно да помогне и да се вклучи во потрагата, бидејќи како што вели, нивните финансиски средства како семејство се исцрпени бидејќи износот кој е потребен за ангажирање на сите пловни и воздушни средства е превисок.
– За жал немаме никаков резултат, никаков знак. „Заглавени“ сме во друга држава, но не можам дома да си заминам без брат ми. Не можам да ѝ кажам на мајка ми како да се вратиме во татковината без него. Потрагата за мојот брат станува прескапа бидејќи се изнајмуваат чамци како и подводни дронови со термални камери – вели Горан во изјава за грчки медиум и посочува дека донациите им се важни и без нив не би можеле ништо да направат.