Дерматолог посочи три намирници кои можат да го зголемат ризикот од појава на акни
Здравјето на кожата има многу врска со она што го јадеме, а воспалението игра значајна улога во проблемите како акни, црвенило и предвремено стареење.
Јадењето храна која поттикнува воспаление може да ја наруши рамнотежата во телото, што доведува до зголемен оксидативен стрес и оштетување на кожата.
Оваа храна може да ја „уништи“ кожата со разградување на колагенот, предизвикувајќи сувост и поттикнувајќи појава на акни.
Дерматологот д-р Лили Талакуб неодамна сподели листа на намирници кои треба да ги избегнуваме бидејќи можат да предизвикаат различни проблеми со кожата.
Рафинирани јаглехидрати
Рафинираните јаглехидрати промовираат воспаление, што може да ја ослаби заштитната бариера на кожата, предизвикувајќи сувост, иритација и зголемен ризик од оштетување од надворешни фактори.
Д-р Талакуб наведува дека храната како што се тестенините, лебот, белиот ориз, газираните пијалоци и засладувачите „ја зголемуваат веројатноста за појава на акни за 30 проценти“.
Млечни производи
Дерматолог укажува на врската помеѓу млечните производи и сериозноста на акните кај тинејџерите. Тој исто така додава дека „возрасните кои редовно консумираат млеко имаат четири пати поголеми шанси да добијат акни“.
Млечните производи содржат природни хормони кои можат да го зголемат производството на себум во кожата, што може да ги затне порите и да доведе до појава на акни, особено кај луѓе склони кон хормонална нерамнотежа.
Брза храна
Многу видови брза храна содржат транс масти, преработени масла и адитиви кои предизвикуваат воспаление во телото. Хроничното воспаление ги влошува кожните состојби како што се акни, осип и егзема и ја ослабува функцијата на заштитната бариера на кожата.
„Редовното консумирање брза храна го зголемува ризикот од појава на акни за 17 отсто“, предупредува д-р Талакуб. Храната како пченка и масло од соја ја нарушува рамнотежата на омега-6 и омега-3 масните киселини во телото, што може да предизвика воспаление.
Здравата рамнотежа на омега-3 и омега-6 масните киселини е неопходна за здравјето на кожата, пренесува Index.hr.