Деновиве во земјава се забележани високи температури како оние во летото 2007 година кога на 24 јули 2007 година е соборен и температурниот рекорд во Македонија за највисока температура од кога се мерат температурите, и тоа во Демир Капија каде се измерени дури 45.7 степени

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Деновиве во земјава се забележани високи температури како оние во летото 2007 година кога на 24 јули 2007 година е соборен и температурниот рекорд во Македонија за највисока температура од кога се мерат температурите, и тоа во Демир Капија каде се измерени дури 45.7 степени.

Вакви температури ќе имаме во земјава и во наредните  десеттина, вели метеопронозерот Славчо Поповски, бидејќи нашата територија ќе се наоѓа под влијание на екстремно топол бран од Африка.

-Температурите ќе бидат екстремно високи насекаде во Македонија, што значи дека тие ќе се искачуваат до околу, па  и над 35 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели температурите, особено во текот на следната работна седмица ќе се искачат  и до околу 45 степени – предвидува Поповски.

 

Во Скопската котлина, исто така температурите ќе надминуваат 40 степени, односно се очекуваат максимални температури кои ќе се движат во интервалот помеѓу 40 и 43 степени. УВ индексот ќе има екстремно висока вредност 10.

Според Поповски, покрај топлите денови ќе имаме и екстремно топли тропски ноќи.

-Температурите во поголем дел од Македонија и во текот на ноќните  и раните утрински часови нема да се спуштаат под 20 степени – наведува Поповски.

Во ваква ситуација, се апелира да се почитуваат препораките од надлежните, односно препораките кои ги издава Институтот за јавно здравје.

Какви температури ќе имаме деновиве покажува и метеокартата која покажува како се движи африканскиот топлотен бран низа Европа

- Advertisement -
Ad image

 

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article