ДЕНОТ НА НАТО ОДБЕЛЕЖАН СО ПРИЕМ ВО МНР

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод Денот на НАТО, организираше прием во Министерството за надворешни работи, на кој учествуваше и премиерот Димитар Ковачевски.

Министерот Османи во своето обраќање ги истакна придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО, оценувајќи го како историски успех и најзначајно надворешно – политичко постигнување. Нагласи дека нашето членство во Алијансата е особено значајно за регионалната безбедност и стабилност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

“Алијансата е поддржувач на евро-атлантска ориентација на нашиот регион, посветена на безбедноста и стабилноста на земјите од Западен Балкан, регион од стратегиско значење на НАТО, со кој има долга историја на соработка и спроведување на операции, кои го овозможија мирот и стабилноста. Вонредната ситуација на европскиот континент покажува дека проширувањето на ЕУ е првенствено безбедносна политика и затоа во оваа прилика упатуваме уште еден силен апел до Унијата за проактивен пристап и забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, што е од суштински интерес за зачувување на безбедноста на Европа” – истакна Османи.

Воедно, министерот Османи нагласи дека руската инвазија во Украина, придонесе за зајакнување на единството кај земјите членки, поголема соработка во насока на градењето отпорност и одвраќање на Алијансата од еминентните закани, како и зајакнување на соработката со земјите партнери на Алијансата.

“Одлучни сме во нашата осуда на руската нелегална инвазија на Украина. Ја почитуваме храброста на украинскиот народ со која ја бранат нивната држава, нивниот суверенитет и територијален интегритет. Целосно го поддржуваме фундаменталниот принцип дека сите земји имаат право да го изберат својот сопствен пат, своите надворешно – политички приоритети и безбедносни аранжмани.” – нагласи премиерот Ковачевски.

Дополнително, со присутните гости беа разменети мислења за актуелни регионални теми и прашања од заеднички безбедносен интерес, хуманитарната криза предизвикана од војната во Украина и нејзиното влијание врз земјите членки на Алијансата, идните планови и способности за зајакнување на одбраната на НАТО, како и новиот Стратешки концепт кој ќе обезбеди подготвеност на НАТО да одговори на секој предизвик во современото безбедносно опкружување.

На настанот присуствуваа високи владини функционери, претставници на дипломатскиот кор и други значајни институции во земјава.

Share This Article