More

    Денеска црвен метеоаларм во Србија, медиуми најавуваат „потоп“

    spot_img

    Додека во Македонија за денес и во текот на ноќта се најавени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат обилни (над 30 литри на 1 метар квадратен), но без ветер и невреме, надлежните служби во соседна Србија го вклучија црвениот метеоаларм.

    Денеска во источниот и во југоисточниот дел на Србија, а особено во областите Зајечар, Нишава, Пирот, Топличка, Јабланица и Пчиња, како и на Косово и Метохија, се очекуваат обилни врнежи со просечна количина од 30 до 60 л/м2 за 24 часа, но на југоисток локално ќе наврнат и до 100 л/м2 за 24 часа.

    Црвениот метеоаларм значи дека се предвидуваат особено опасни временски појави кои се со таков интензитет што можат да предизвикаат големи материјални штети и да бидат многу опасни по безбедноста на луѓето и на животните.

    Инаку, поголемиот дел од југоисточна Европа ќе биде под влијание на циклонска активност. Матеоролозите предупредуваат на зголемен ризик од невреме во попладневните во делови од јужен Јадран, Албанија, Јонско Море кон Крф, Кефалонија и Закинтос, како и во источните, внатрешни делови од Егејското Море и на Халкидики, каде има многу висок ризик од невреме.

    Во Македонија дождот засега не предизвика големи неволји. Најмногу воден талог е измерен на Попова Шапка (50 л/м2), а во градовите во Тетово (35 л/м2). Температурите опаднаа. Минималната температура ова утро по градовите беше во интервал од 14 степени во Крушево, Охрид и во Дебар, до 19 степени во Гевгелија. На Попова Шапка беа измерени засега рекордни 10 степени. Дождот и студено време ќе продолжат и денеска, но зголемен ризик од невреме нема.

    Од среда до петок може да се очекува стабилизација на времето и значително пшовисоки температури. Но, се чини дека тоа ќе биде краткотрајно, бидејќи веќе за време на следниот викенд се најавува дожд и постудено време.

    Како што тоа обично и се случува, влажниот бран прво ќе ги зафати Словенија и Хрватска, а потоа ќе допатува до кај нас. ХРватските метеоролози најавуваат ново влошување на времето од четврток, со дожд, врнежи и со грмежи. Промената ќе кулминира в петок, со нагло опаѓање на температурата на воздухот. Заладувањето ќе биде најизразено на планините.

    На Алпите, летните температури одеднаш ќе бидат заменети со вистинска зима. На повисоките делови може да наврне и до 1 метар снег, а обилен снег се очекува и во некои високи планински предели во Словенија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img