More

    Денеска пријатно, од утре потопло време

    spot_img

    По студеното утро денеска нè очекува пријатен сончев есенски ден со умерена облачност. Според прогнозата на УХМР ќе дува слаб, до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Температурата во Скопје се очекува да достигне 25 степени Целзиусови, а најтопло ќе биде во Гевгелија, каде се очекува температура од 27 степени.

    Во текот на оваа седмица во утринските часови по котлините ќе има ниска облачност, а во текот на денот насекаде ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време.

    Во среда и петок ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.

    Утринските температури утре изутрина ќе бидат пониски, а потоа и утринските и дневните ќе бидат во пораст.

    Во четврток и петок времето ќе биде топло со максимална температура од 29 степени.

    Слично време, со температури до 28 степени и без дожд се прогнозира и за викенд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img