Денеска пороен дожд

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Времето утре ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (и над 20 л/м²), силен ветер и со изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде до 26 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи, со  силен ветер со брзина од над 60 км/час и со изолирана појава на град.

Share This Article