Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, соопшти УХМР.
„Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 60 km/h) од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи“, велат од УХМР.
Минималните температури ќе се движат од 0 до 3 степени, максималните температури во текот на денот ќе се движат од 12 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Температурите во главниот град ќе се движат од 6 до 18 степени.
Во четврток во текот на денот облачноста ќе се намали и потоа следува период на сончево и топло време со пораст на температурата.
Минимална температура ќе се движи од 6 до 12 степени, додека максимална температура од 15 до 23 степени.