Денеска ќе се бира нов кабинет на Ковачевски

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Предлогот за реконструкција на Владата, чиј кабинет се проширува со кадри од Алијанса за Албанците (АА), а се намалува со тие од Алтернатива, денеска е на дневен ред на 104. седница на Собранието. На седницата закажана за попладне во 15 часот ќе се расправа и одлучува за избор на четворица нови министри и петмина заменици министри, по одлуката за влез на АА во владиното мнозинство.

Со Предлогот за реконструкција на Владата, тројцата министри од Алтернатива, за здравство, за информатичко општество и администрација и за дијаспора треба да бидат разрешени и заменети со кадри од Алијанса за Албанците. Истовремено треба да се констатираат и оставките на министрите за правда Никола Тупанчевски од СДСМ и за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини од ДУИ, кои остапуваат по едно министерско место.

Разрешувањето на министрите е прва точка на 104. седница на Собранието, по што следи изборот на новите кадри – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, сите тројца од редовите на АА, како и на Каја Шукова од СДСМ.

Кренар Лога е дипломиран правник и магистер по дипломатија, со работно искуство како извршен директор во Институтот за јавна политика Арбен Џафери, раководител на Сектор за човечки ресурси во Државното правобранителство, заменик директор на Управата за финансиска полиција.

За министер за здравство е предложен д-р Фатмир Меџити, специјалист невролог во Универзитетската клиника за неврологија, додека позицијата на Адмирим Алити во МИОА се остапува на Азир Алиу, доктор по информатички науки на Природноматематичкиот факултет при УКИМ кој има работно искуство како професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, и во приватниот сектор.

Каја Шукова, која е предложена за министер во животна средина и просторно планирање, е актуелен држевен секретар во овој ресор. Таа е инженер технолог со работно искуство во МЖСПП и во приватниот сектор.

По изборот на министрите треба да се гласа за нови заменици министри во ресорите одбрана, правда, земјоделство, образование и здравство.

За заменик министер за одбрана е предложен Тирон Јајага од Алијанса за Албанците, а од редовите на оваа партија е и Вјолца Бериша за заменичкото место во земјоделство, шумарство и водостопанство. Предлогот на Ковачевски за заменик министер за правда е Викторија Аврамовска-Мадиќ од СДСМ, која доаѓа на местото на Агим Нухиу од ДУИ, кој пак ќе ја продолжува политичката кариера како заменик министер за обарзование и наука. Ќе се гласа и за предлогот заменик министер за здравство да биде Маја Манолева, која треба да го замени Владимир Рендевски, кому треба да му биде констатирана оставка.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение ја нарече новата коалиција „Пазар 3“ и изнесе редица забелешки на понудените кадровски решенија.

- Advertisement -
Ad image

„Од вмешани во убиства, преку местачи на тендери, до корумпирани предлози за министри и заменици министри во новата влада, која ако по утрото се познава денот, ќе биде покриминална и покорумпирана.
Ковачевски е должен да одговори дали новиот министер за правда, Кренар Лога е брат на Крешник Лога кој има кривична пријава за убиството на Дилавер Бојку за убиство и убиство во обид.

Втор човек на министерството за правда е предлогот Викторија Аврамовска Мадиќ за која има поднесено кривична пријава за злоупотреба на службената положба и несовесно работење во службата. Мадиќ како генерален секретар на Град Скопје е вмешана и во скандал од 4 милиони евра со фирмата „Армор Плус“ во сопственост на зетот од сестра.

Предлогот за министер за здравство Фатмир Меџити е поврзан со скандали со шверц на лекови, а како претседател на УО на ФЗОМ замешан во многу скандали. Јавноста треба да знае дали кумашинските врски со Арбен Таравари имаа предност за негов избор во ова министерство.

- Advertisement -
Ad image

Тирон Јајага, кој е предлог за заменик министер за одбрана бил вратен во Македонија од мисијата во Брисел заради учество на протест за Илирида, додека истиот бил член на НАТО, а истиот за овој случај во 2017 бил помилуван и сега награден како предлог за заменик министер во одбрана.

„Најуспешниот“ заменик министер Агим Нухиу откако целосно ги приватизираше и нанижа целосни неуспеси во МВР и министерството за правда, сега на ред дојде и заменик министерското столче во министерството за образование. Каде што патем ќе биде во целосно владение на ДУИ“ – наведе ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна СДСМ соопшти дека оваа коaлиција само покажува дека парламентарното мнозинство е стабилно и расте.

„Предвремени избори е единствената тема на која Христијан Мицкоски ја базираше својата политика во изминатите 2,5 години. Од конститутивната седница на Собранието наваму, Мицкоски тврди дека овој владин парламентарен состав нема долго да трае, дека ќе следуваат брзи избори, дека избори ќе има напролет, само што немало предвремени избори, па најавуваше ново мнозинство, па распуштање на Собранието. Ништо не се менува кај Мицкоски, го лаже своето членство, ги лаже граѓаните. Ја започна оваа година, со лага дека има 61 пратеник и дека во јануари или февруари ќе има ново парламентарно мнозинство за да се распушти Собранието и да се распишат предвремени избори. Еве среде февруари ниту Мицкоски има 61 пратеник, ниту има ново мнозинство, ниту распуштање на Собранието“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши вчера по седницата на Централното собрание најави дека тројцата пратеници од оваа партија ќе дејствуваат како опозиција, нивните функционери ќе се повлечат од функциите, но доколку има уставни измени ќе гласаат „за“.

По објавата на предлогот за реконструкција на Владата од Демократскиот сојуз, коалициски партнер во власта, побараа со програмските барања на АА да бидат информирани партиите и јавноста. Од ДС посочија дека не се подготвени да поддржат нов партнер во Владата доколку, како што соопштија, се заканува со дестабилизација, радикализација и реорганизација на државата.

Предложената реконструкција на Владата е прва во мандатот на Ковачевски, а според собранискиот Деловник, нема ограничувањe за времетраењето на дебатата.

Share This Article