Денеска и утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во вторник и во среда се очекува преодно наоблачување со локални врнежи од дожд, на места поројни со услови за појава на грмежи.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска преку ден ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб променлив ветер. Утрото ќе биде посвежо.
Минималната температура ќе се движи од 3 до 13 степени, а максималната од 18 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и претежно тивко, со минимална температура од седум, а максимална од 27 степени.