Денешните сведоци тврдеа дека не го забележале мистериозниот повик

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сведокот Тодорче Георгиевски, вработен во Единицата за економски и компјутерски криминал, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, рече дека не забележал дека некој ѝ вртел на Вања додека бил вршен претресот на имотот на братот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Баже Палевски.

Тој рече дека бил ангажиран околу одземањето на предметите и околу техниката и дека имал обврска да го чита имеи бровите, односно сериските броеви на одземените предмети.

– При претресот, дали од страна на службено лице, дел од екипата што вршела претрес, е вртено на бројот на оштетената Вања? – праша обвинителката.

– Од моја страна не е забележано такво нешто. Не сум забележал дали други вртеле. Само Баже Палевски вртеше на својот адвокат, други вртења не сум забележал – рече Георгиевски.

При вкрстено испрашување Палчо го праша сведокот:

– Дали во Обвинителството ви рекоа дека од еден од телефоните што сте ги одзеле е вртено на Вања Ѓорчевска?

– Не – рече Георгиевски.

Тој додаде дека ги гледал телефоните на масата.

– Дали додека вршевте претрес им ги одзедовте телефоните на присутните? – праша адвокатот на Палчо.

- Advertisement -
Ad image

– Не. Колегите го вршеа претресот, јас само помагав околу сериските броеви и моделите. Телефоните ги гледав визуелно, беа на масата – рече Георгиевски.

– Имало ли можност во таква ситуација некој од присутните додека се вршел претресот да ги користи за изведување повици кон други лица? – праша адвокатот на Палчо.

– Не – рече Георгиевски.

- Advertisement -
Ad image

– Дали ви е познато дека додека е вршен претресот од телефонот на Баже Палевски е баран бројот на Вања? – праша адвокатот на Палчо.

– Не – рече Георгиевски.

Првообвинетиот Палевски приговараше по сведочењето на Георгиевски и на полицаецот Елвис Ибрахим, кои тврдеа дека додека траел претресот во домот на Палевски не забележале дека некој врти на телефонот на убиената Вања.

– Оштетеното дете Вања Ѓорчевска, во моментот на претресот е веќе 5 дена убиена. Ниту мојот брат, ниту мојата мајка имале или знаеле број од детето. Невозможнио е да вртеле во моментот кога им се одземени телефони, а истиот податок е наведен во телефонската анализа. Просечно интелигентен човек знае дека полиција кога ќе влезе да врши претрес ѕвони на бројот на исчезнатото лице за случајно да не заѕвони бројот. Од Обвинителството ниеднаш не го прашаа брат ми зошто е вртено на бројот на Вања од неговиот број, ниту го повикаа за сведок – рече Палевски.

Адвокатот на Палчо побара да се произнесе за нешто во врска со претходните рочишта, но судијата не дозволи и му рече дека ќе се произнесе кога ќе изнесува одбрана. На Палчо му се доставени нови докази, а неговиот адвокат рече дека ќе се произнесе дополнително по нив.

На 20 декември продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, со изведување материјални докази од обвинението.

Share This Article