Денешните избори се оценуваат како тест за владата на Курти

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во 19 часот се затворени гласачките места на денешните први редовни, а ова се деветите парламентарни избори во Косово од прогласувањето на независноста.

Се гласаше на 2.533 гласачки места, а право глас имаа 1.970.944 лица во самото Косово и 104.924 во дијаспората. Косовските граѓани во странство гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва, лоцирани во 19 различни земји.

На изборите учествуваат 28 политички субјекти, од кои 20 политички партии, 5 коалиции, 2 граѓански иницијативи и еден независен кандидат. Има и 6 политички субјекти од српската заедница.

Според предизборните анкети и очекувањата на политички аналитичари, главната изборна битка се води меѓу Движењето Самоопределување на Албин Курти, Демократската лига на Косово на Лумир Абдиџику, Демократската партија на Косово на Мемли Красниќи и Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај.

Собранието на Косово има 120 пратенички места, од кои 20 се загарантирани за припадниците на малцинските заедници. Српската заедница има 10 пратенички места, бошњачката заедница има три, турската заедница има две, ромската заедница има четири, а Горанската заедница едно пратеничко место. Изборниот праг изнесува пет проценти.

Секoја партија на парламентарните избори има свој официјален кандидат за премиер, кој оди „во пакет“ со неа. Има четворица кандидати за премиер на Косово. Тоа се лидерите на главните партии во изборната трка – Албин Курти од Самоопредлеување, Лумир Абдиџику од Демократската лига на Косово, Рамуш Харадинај од Алијансата за иднината на Косово, а единствен исклучок е најголемата опозициска партија Демократската партија на Косово, која за премиер го номинира Бедри Хамза.

Парламентарните избори во Косово денеска се оценуваат како своевидно гласање за доверба на владата на премиерот Курти. Албин Курти, чија влада е прва во историјата на Косово што го заврши својот целосен мандат, имаше турбулентно владеење, обележано со немири меѓу Србите и етничките Албанци. Тензиите се зголемија откако преговорите, поддржани од Европската Унија и САД, меѓу Косово и Србија пропаднаа во март 2023 година.

Тој се соочува со обвинувања од опозицијата за влошување на односите на Косово со стратешките партнери САД и ЕУ. И Вашингтон и Брисел критикуваа голем број активности на косовската влада поврзани со северно Косово, каде што живее најголемиот дел од српското малцинство. Она што косовските власти го нарекуваат „проширување на суверенитетот“ и владеењето на правото низ целата земја честопати се нарекува „еднострани и некоординирани акции“ од страна на ЕУ и САД. Вашингтон и Брисел го критикуваа Курти за поткопување на кревките етнички односи во регионот.

ЕУ го суспендираше финансирањето на некои проекти и постави услови за нивно постепено продолжување, поврзани со преземањето чекори на Косово за деескалација на тензиите на северот, каде што живее најголемиот дел од српското малцинство.

- Advertisement -
Ad image

Вашингтон, пак, воведе 90-дневно замрзнување на финансирањето на различни проекти преку Американската агенција за меѓународен развој.

Share This Article