Денес се одбележува јубилејот 30 години од формирањето на Армијата.

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Единица на артилерискиот баталјон на Армијата вечер во 19 часот во касарната ,,Илинден“ во Скопје ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија. Два часа претходно, во периодот од 17 до 18 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со по еден истрел од шест артилериски орудија.

Како што информираат од Генералштабот на Армијата, почесната стрелба е дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници, а е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на јубилејот 30 години од формирањето на Армијата.

Денот на Армијата 18 Август и јубилејот „30 години Армија“ ќе бидат одбележани со целовечерен настан организиран под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“ на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје.

На настанот, што ќе започне во 19 часот, ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски.

Ќе биде презентирана најновата и најсофистицирана опрема на Армијата вклучувајќи ги и новите оклопни транспортери JLTV Oshkosh, ќе бидат прикажани вештините на армиските специјалци, а предвидена е показна точка со армиските кучиња.

Јубилејот на Армијата ќе биде прославен со настап на Воениот оркестар, по што следува богата музичка програма со настапите на Кики (Дајте музика), Пере (Нокаут), Дац и Александар, Last Expedition, DJ Babura Jr. и Еурека танцовото студио.

Ден на АРМстрелба
36

Share This Article