„Денес над Македонија се раѓа“ ќе се интонира пред секој натпревар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската кошаркарска федерација која меѓу првите од сите спортски федерации во името ја вметна „Северна“, сега воведува друга „новина“ – задолжително интонирање на македонската химна пред секој натпревар во сениорска конкуренција.

УО на КФСМ на чело со претседателот Перо Антиќ минатата недела донел одлука за воведување на оваа новина и прогресивна казна за сите што нема да ја почитуваат одлуката, објави Спорт1.мк

Според одлуката на УО на КФСМ, која е заведена и во Пропозициите за натпреварување за сезоната 2023/2024 за сениорските лиги, ако некој натпревар почне без интонирање на химната, организаторот ќе биде казнет со 30.000 денари. Доколку пропустот се повтори, казната прогресивно се удвојува и теоретски, до крајот на сезоната може да достигне и фантастични 500 милиони евра.

Задолжително е и истакнувањето на националното знаме, но таму за непочитување на одлуката казната е фиксна и изнесува 5.000 денари за секој прекршок.

фото: МИА

Share This Article