More

    Ден на жалост во БиХ: Бројот на жртвите се зголемува, спасувачите и денеска се на терен

    spot_img

    Денеска е Ден на жалост на целата територија на Босна и Херцеговина поради катастрофалните поплави и одрони кои зафатија делови од земјата. Во БиХ се уште има жртви од поплавите и тоа постојано расте. Спасувачите и денеска се на терен.

    Состојбата со поплави и одрони во погодените подрачја се уште е исклучително тешка, а операциите за пребарување и расчистување на насобраниот насип и материјал продолжија и денеска.

    Водата и одроните уништија десетици куќи и оштетија инфраструктура.

    Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост по повод трагичната смрт на неколку граѓани во несреќа што го зафати подрачјето на Јабланица.

    На Денот на жалоста не може да се одржуваат програми од културно-забавен карактер на јавни места, а медиумските куќи се должни да ги координираат и приспособат своите програмски содржини на Денот на жалоста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img