More

    Демократски сојуз бара оставка од шефот на дипломатијата

    spot_img

    Демократскиот сојуз оценува дека министерот за надворешни работи Бујар Османи, со претераните, необјективни и манипулативни ставови за внатрешно-политичките состојби, ги загрозува евроинтеграциските процеси на Македонија.

    „Да посочиме неколку факти. Прво, во јуни 2022 година Османи го прифати Францускиот предлог, Општиот став и Заклучоците на Советот на Европската Унија, без претходни пошироки стручни и политички консултации.

    Второ, консултациите што подоцна под притисок на експертите, невладиниот сектор и политичките партии се одвиваа имаа неискрен и крајно манипулативен карактер.

    Османи тврдеше дека доколку парламентот и владата ја прифатат Преговарачката рамка, ќе има една меѓувладина конференција за почеток на преговарачкиот процес, а не две, како што сега најавува.

    Потоа, министерот тврдеше дека протоколите кои секоја година ги усвојуваат Бугарија и Македонија не се дел од Преговарачката рамка, а тие всушност се, дека македонскиот јазик е признаен без какви било забелешки за што како круцијален доказ го користеше договорот со ФРОНТЕКС, но вистината е дека во ниту еден од документите, вклучително и во Преговарачката рамка, не е предвидено дека по приемот на Македонија во ЕУ македонскиот јазик ќе биде официјален и еден од службените јазици во ЕУ.

    Трето, Османи тврдеше дека по прифаќањето на Преговарачката рамка ќе почнат пристапните преговори со ЕУ, но во суштина почнат е само скрининг-процесот, а за преговорите и за отворање на кластерите неопходни се уставни промени, без реципроцитет и гаранции дека Бугарија нема да може историските прашања да ги користи за вето на процесите поврзани со евроинтеграциите на Македонија.

    Четврто, доколку има 80 пратеници кои би гласале за уставни промени, Османи нема потреба да се конфронтира со сите кои не поддржуват уставни промени под диктат на Бугарија, која не ги признава македонскиот народ и јазик.

    Нашите анализи покажуват дека Османи лекомислено прифатил обврски за целата држава, а сега не може да ги исполни. По ваков дебакл, Османи треба да си поднесе оставка“ – се вели во соопштението на Демократски сојуз.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img