More

    Демократската партија дискутира да го повлече Џо од кампањата

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден мисли дека бил добар во првата предизборна дебата со Доналд Трамп, во која, според општиот суд на јавноста, остави многу лош и несигурен впечаток.

    Од анкетираните набљудувачи, две третини сметаат дека победата во соочувањето ја извојува поранешниот претседател Трамп.

    Новинарите го прашаа Бајден дали е загрижен за неговиот настап.

    – Тешко е да се дебатира со лажго. Само „Њујорк Тајмс“ забележа дека дури 26 пати тој изговори крупни лаги – одговори Бајден.

    Несигурниот настап на Бајден предизвика голема вознемиреност кај демократите, меѓу кои се постави прашањето дали 81-годишниот претседател е престар за уште еден мандат. Еден од главните донатори на Бајден, кој сакаше да остане анонимен, настапот на Бајден го оцени за „дисквалификувачки“ и рече дека очекува нова рунда повици за тој да се повлече пред националната конвенција на партијата во август.

    Британски Телеграф пишува дека веќе имало дискусија во Демократската партија за повлекување на Бајден од кампањата. Тие наведуваат дека група демократски претставници веќе разговарале за потребата од нов претседателски кандидат откако виделе дека пред нивните очи се случува „катастрофа“.

    И поранешниот висок советник на Барак Обама, Дејвид Акселрод, најави дебата во Демократската партија за тоа дали Бајден треба да се повлече.

    Проблемот е што, меѓутоа, во моментов нема јасен кандидат кој би можел да го замени Бајден бидејќи до изборите остануваат само уште неколку месеци.

    Од друга страна, пак, американската потпретседателка, Камала Харис, изјави за Си-Ен-Ен дека Американците треба да се фокусираат на она што го постигна претседателот Џо Бајден за земјата во неговиот мандат, а не на неговиот ноќешен настап.

    – Зборувам за три и пол години работа кои беа исклучително важни, историски – изјави Харис.

    Водителот ја праша дали претседателот секој ден е таков каков што беше на дебатата.

    Харис изјави дека Бајден е личност со која соработува секој ден, работи за да ги доведе луѓето во Овалната соба – републиканците и демократите – без разлика на нивната политичка припадност и дека успева да ги доведе до компромис.

    – Тоа е извонредно. Во денешно време тоа едноставно не се случува, но Џо Бајден може да го направи тоа – рече Харис.

    Таа спомена и некои други достигнувања на Бајден, како што се зајакнувањето на НАТО алијансата и отворањето работни места.

    Белата куќа инаку го оправда вчерашниот слаб настап на Бајден со настинка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img