More

    Демнел манекенка по улици, сакал секс со неа

    spot_img

    Скандалот околу актерот и комичар Расел Бренд поприма сè поголеми размери. Сега пристигна ново обвинение, бидејќи поранешна манекенка се огласи и тврди дека Бренд ја демнел по улиците на Лондон и барал секс откако се запознале во бар. Таа во страв побегнала од него.

    Вознемирувачкиот инцидент се случил во 2005 година, а анонимната жена тврдела дека Бренд одел пет чекори зад неа и викал: „Ајде да се е..ме овде“.

    Жената, која тогаш имала 20 години, изјавила дека го запознала Бренд во бар во Примроуз Хил во Лондон и додала дека, иако му рекла дека по излегувањето нема да оди со него, Бренд наводно, сепак, ја следел по улица и „станал морничав“.

    „Се чувствував како да ме следи. Тоа не беше ниту флертувачки, ниту забавно. Зборот „предатор“ е сосема соодветен во неговиот случај. Тој беше одлучен во својата цел. Неговата намера беше да има секс со некого, со кој било”, рекла таа за „Сан“.

    „Сандеј тајмс“ и „Канал 4“ претходно известуваа за Расел Бренд и наводите за неговото злоставување и предаторско однесување, кое вклучуваше силување, сексуален напад и емоционално злоставување, наводно помеѓу 2006 и 2013 година.

    Анонимната поранешна манекенка, која сега има 40-тина години, изјавила дека откако го гледала документарниот филм за него, „не можела да спие“, бидејќи сфатила дека „другите жени немале среќа“ да избегаат како таа од Расел Бренд.

    Таа наскоро ќе биде сослушана од полицијата, откако властите ги повикаа сите наводни жртви на Бренд да се јават.

    Овие обвинувања доаѓаат во време кога „Би-би-си“ во својот документарец се занимава со овој скандал. Имено, една од неговите четири наводни жртви, која во документарецот се вика „Алиса“ и која тврди дека Расел сексуално ја злоставувал кога имала 16 години, тврди дека испратил автомобил на „Би-би-си“ да ја земе.

    Полицијата вчера соопшти дека истражува извештај за сексуален напад на актер во Сохо во 2003 година, откако беа изнесени обвинувања против Расел Бренд и комичарот ги откажа преостанатите датуми од неговата последна турнеја. Неговиот настап на Вембли во саботата, кој се одржа за време на проекцијата на документарниот филм, може да биде последен во неговата кариера.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img