Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Разрешен е директорот на Клиниката за кардиохирургија, д-р Марјан Шокаровски, кажа денеска министерот за здравство Илир Демири.

„До мене стигнаа наоди дека е зголемена смртноста на Клиниката. Формирав Комисија и извештајот го добив во петокот и немаше никакви значајни отскокнувања. Но, денеска добив друг податок, дека за 170 пациенти не се поднесени информации во „Мој термин“ во однос на отпусни писма и умреници, така што претпоставувам дека таа бројка на смртност може да се промени. Јас сум министер во заминување и сакав да го одложам ова, но денеска решив да го разрешам д-р Шокаровски“, рече Демири на прес-конференција во Министерството за здравство.

На прашање кој ќе го замени директорот, министерот вели дека ќе го остави тоа прашање, но ако тој се прашува тоа нема да биде вработен во кардиохирургија. И веќе формирал нова комисија за превенција од кардиоваскуларни заболувања која ќе консултира светски истакнати стручни лица.

Share This Article