More

    Деменцијата го „спаси“ порно актерот од робија

    spot_img

    Рон Џереми (70), поранешниот порно актер кој беше обвинет за повеќекратно силување, ќе биде ослободен од затвор и ќе биде сместен во приватно престојувалиште во Лос Анџелес. Судијата во Врховниот суд на Округот Лос Анџелес, Роберт Харисон вчера го одби барањето на Обвинителството – тој да не биде ослободен.

    Роналд Џереми Хајат е во притвор поради обвиненија за сексуални злосторства, но судските власти во јануари одлучија дека тој не е способен да го следи судењето бидејќи има тешка деменција. Минатата недела Судот го одобри барањето на згрижувачот на Џереми, тој да биде преместен во приватен дом поради неговата влошена здравствена состојба. Тужителките во меѓувреме побараа од Судот да ја преиспита одлуката, но судијата одби да ја промени таа одлука.

    Познатата адвокатка за правата на жените, Глорија Олред нагласи дека можните дополнителни жалби и истраги може да траат со години, а и сега преживеаните жртви нема да знаат точно каде е тој, што е отежнителна околност.

    – Нема да знаеме каде е тоа приватно престојувалиште и дали тој ќе биде затворен во тоа приватно престојувалиште… Нема услов тоа да биде престојувалиште каде што тој ќе биде под клуч – изјави Олред.

    Џереми беше оптужен по четири точки од првичното обвинение, но повеќе жени се појавија со свои обвинувања по неговото апсење. Така случајот се прошири на 34 точки од обвинението за силување, присилна орална пенетрација и сексуална повреда, дела за кои актерот го тужат 23 жени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img