More

    Демарш за зборот диктатор, реакција за Резолуцијата на Сенатот

    spot_img

    Кина врачи демарш до американскиот амбасадор во Кина поради што претседателот на САД, Џо Бајден го нарече кинескиот колега Си Џинпинг, диктатор, а во врска со тоа што Џипинг наводно не знаел дека кинеските балони биле соборени во небото над САД. Николас Бернс ја примил дипломатската нота неколку часа по изјавата на Бајден, но кинеските медиуми не ја објавиле.

    Според американски претставници необјавувањето на демаршот во медиумите е со цел да се зачува добрата атмосфера што се создаде по посетата на американскиот секретар Ентони Блинкен на Пекинг.

    Истовремено, ладна дипломатска размена се случи и меѓу САД и Русија во врска со употребата на нуклеарно оружје и можниот напад врз централата Запорожје во Украина, за чиј базен со вода Украинците тврдат дека Русите го минирале.

    Американскиот Сенат донесе резолуција со која секоја употреба на тактичко нуклеарно оружје од страна на Русија и на Белорусија, вклучително и напад на нуклерна централа кој ќе испушти радијација ќе се смета за напад врз НАТО.

    Анатолиј Антонов, рускиот амбасадор во Вашингтон ги нарече апсурдни шпекулациите дека Русија би можела да прибегне кон употреба на тактичко нуклеарно оружје. Според Антонов ваквата резолуција на Сенатот само додва масло на ќорсокакот меѓу Москва и Западот.

    Тој ја опиша резолуцијата „како уште една манифестација на слепа омраза кон нашата земја“, тврдејќи дека нејзините спонзори се обидуваат да го вовлечат Вашингтон уште подлабоко во украинскиот конфликт.

    – Ова не е само уште една луда иницијатива на русофобни американски сенатори – рече Антонов, велејќи дека покажува кој навистина го следи курсот кон директен глобален конфликт меѓу Русија и НАТО.

    Амбасадорот посочи и дека Русија отсекогаш била „одговорна нуклеарна сила“ и не ја променила својата нуклеарна доктрина, која предвидува дека Москва може да користи нуклеарно оружје само ако е загрозено самото постоење на државата.

    Украинскиот претседател претходно изјави дека Руската Федерација го разгледува сценариото за терористички акт во нуклеарната централа Запорожје и дека веќе има подготвено сè за тоа, што Кремљ го демантираше.

    – Очигледно, радијацијата не прашува кој е неутрален и кој може да допре до кого било во светот. Според тоа, сега секој во светот може да помогне и сосема е јасно што треба да се направи – предупреди Зеленски.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img