More

    Делови од Хрватска под вода, стотици војници пристигнуваат на помош

    spot_img

    Континуираното паѓање на дожд предизвика реката Зрмања да се излее од заштитниот ѕид во областа на градот Обровац, а реката Отуча да се излее од коритата во општина Грачац, каде што пожарникарите, припадниците на ХГСС и Државната интервентна единица Ц.З. биле испратени со чамци за евакуација.

    Надлежните служби се на терен, а жителите чии куќи се најзагрозени се евакуирани. Во Културно-информативниот центар – КИЦ Грачац е формиран прифатниот центар за згрижување на евакуираното население во Грачац.

    Вонредни мерки за одбрана од поплави се прогласени и во Хрватска Костајница поради неколкучасовното покачување на водостојот на реката Уна предизвикано од обилните дождови. Сè повеќе проблеми има во сообраќајот меѓу Хрватска Костајница и Двор, бидејќи водата е веќе на патот на државниот пат 47.

    На терен беше испратена и армијата на Република Хрватска, неколку стотици од нив.

    „Разговарав со префектите Андровиќ и Лонгин за последиците од поплавите во вировитичко-подравинската и задарската област. Владата на Хрватска ќе обезбеди помош за санирање на штетите. Системот за домашна безбедност и цивилна заштита ги презема сите неопходни активности со цел да го заштити населението“, изјави премиерот Андреј Пленковиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img