More

    Делегација на Хамас ги напушти преговорите во Каиро без договор за прекин на огнот во Газа, но вооружената група вели дека индиректните преговори со Израел не се завршени

    spot_img

    Делегација на Хамас ги напушти преговорите во Каиро без договор за прекин на огнот во Газа, но вооружената група вели дека индиректните преговори со Израел не се завршени. Преговорите треба да дадат 40-дневно примирје пред почетокот на исламскиот месец Рамазан следната недела, пишува Би-Би-Си.

    Под силен меѓународен притисок египетските и катарските посредници се мачеа да склучат договор со кој Хамас ќе ослободи 40 израелски заложници во замена за околу 10 пати повеќе Палестинци кои се држеат во израелските затвори.

    Од друга страна, Израел не испрати делегација во Каиро, велејќи дека најпрво бара список на преживеаните заложници кои би можеле да бидат ослободени според договорот.

    Групата Хамас соопшти дека Израел не ги прифаќа нејзините барања раселените Палестинци да можат да се вратат во своите домови ниту целосно повлекување на израелските сили од градовите во Газа.

    Во соопштението на Хамас се вели дека нејзината делегација го напуштила Каиро во четвртокот наутро „на консултација со раководството на движењето, со преговори и напори да продолжат да се запре агресијата, да се вратат раселените и да се донесе хуманитарна помош за нашиот народ“.

    Во меѓувреме, египетскиот државен телевизиски канал Ал Кахера цитираше висок извор дека преговорите ќе продолжат следната недела.

    Семејствата на заложниците и другите Израелци вршат притисок врз владата на Израел да се договори со Хамас.

    Засега нема коментар од владата на Израел.

    Во средата, американскиот Стејт департмент рече дека верува оти пречките се „непремостливи и дека може да се постигне договор“.

    Се верува дека Хамас држи повеќе од 130 заложници. Израелските власти соопштија дека најмалку 30 од нив се мртви.

    Во предложеното 40-дневно примирје, исто така, се очекува да дојде до пораст на очајно потребната помош во Газа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img