More

    Дел од производителите на млечни производи веќе ги зголемија цените за 5%, а дали ќе следува и покачување на цените кај сите домашни производители не се знае

    spot_img

    Дел од производителите на млечни производи веќе ги зголемија цените за 5%, а дали ќе следува и покачување на цените кај сите домашни производители не се знае. Производителите молчат за тоа која е причината за новото зголемување на цените, а трговците велат дека маржите кои беа одмрзнати во јули веќе се пресметани и немаат намера повторно да ги вклучат во цените. Граѓаните, пак, велат дека веќе не можат да ги следат поскапувањата, бидејќи на секое пазарење некоја цена пораснала, а нивните корпи за пазарање стануваат сѐ попразни.

    – Не знам кога порасна цената на јогуртот, киселото млеко и кашкавалот и сирењето. Веќе не можам да ги следам. Секој ден се пресметувам дали можам да купам некој производ, колку е тој неопходен и која количина можам да ја купам. На полиците во маркетите се задржувам многу подолго од порано. Ги разгледувам сите цени, грамажите, па дури потоа купувам. Веќе не е важен квалитетот, цените се решавачки за да купам некој производ – вели Живко А. од Скопје.

    Плусинфо направи обид да ги слушне млекарниците и нивните здруженија, но оние кои ги контактиравме не сакаа да коментираат за зголемувањето на цените, само посочија дека нивните давачки кон трговците се зголемени за најмалку 5%.

    Трговците, пак, тврдат дека маржите кои беа одмрзнати во јули веќе се вметнати во цените на производите во текот на јули, а за нови корекции на маржите не станува збор.

    – Одмрзнатите маржи веќе се пресметани во производите и немаме нова корекција во врска со нив. Моментално немаме најава за повисоки цени на млечни производи. Можеби ќе имаме веќе следната недела. Битолска млекарница веќе ги коригира цените за 5%, како и Тетовска млекарница, но дали и другите производители ќе ги следат не знаеме. Ние како трговци не правиме корекција на нашите маржи – вели Кристина Тодоровиќ-Николиќ, директорка на Тинекс маркетите.

    Други трговци, пак, тврдат дека имаат најава за корекција на цените на млечните производи во следниот период кои ќе се движат во распон од 5 до 30 денари.

    Да потсетиме дека на крајот на јули имаше зголемување на цените на млечните производи поради одмрзнатата маржа. Цените зависно од трговците и производителот (домашен и од странство) се зголемија меѓу 4 и 15%. Најмногу поскапеа кашкавалите. Нивната цена се движи од 609 денари до 1230 денари килограм зависно од видот и производителот. Сирењето, пак, има цени од 400 до 510 денари мешано, овчото од 450 до 570 денари, а кравјото од 470 до 500 денари.

    Просечната цена на килограм кашкавал во март годинава, пак, се движеше од 400 до 700 денари, сирењата, кравји или овчи, се продаваа по цена од 300-450 денари.

    За утеха на граѓаните, млекото и млечните производи не влегуваат во зголеменото ДДВ од 5% што го најави владата за производи кои ги нарекува „луксузни“ за кои не е познат целиот список, но тоа ќе ги зголеми трошоците на оние кои ги користат овие производи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img