Цугшпице, највисокиот врв во Германија со 2.962 метри надморска височина, ги изненади љубителите на зимата со брзата промена на времето. Од топлите летни денови, планинскиот врв за само пет дена се претвори во вистинска зимска идила.
Во последните 48 часа на Цугшпице паднаа 13 сантиметри снег, а денеска наврнаа дополнителни 22 сантиметри. Според прогнозата утре се очекува нова 38, додека на 14 септември снежната покривка ќе биде подебела за 29 сантиметри.
Анџелика Вармут / РОЈТЕРС „Обилниот снег, најтежок во петок навечер. Температурите ќе бидат под нулата (максимум -1°C во сабота навечер, минимални -5°C во сабота наутро). Ќе дува претежно слаб ветер“, стои во прогнозата за снег.
Сите ски-лифтови и патеки во моментов се затворени. „Па, ова брзо ескалира. Од летни горештини до зима за пет дена. Не заборавајте дека скијачката сезона започнува на 29 ноември 2024 година“, рекоа на официјалниот сајт на Цугшпице, пренесува Вечерњи лист.