Декларирани како словенечки, а немаат врска со Словенија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски денеска ги предупреди граѓаните да внимаваат кога купуваат пелети зашто може да им бидат понудени некои како А класа, а всушност да се  А2 или Б, за индустриска употреба.

Таков е случајот, како што информира тој на прес-конференција, со пелетите кои се продавале како словенечки, а немале врска со Словенија.

– Пронајдени се пелети декларирани како словенечки, а немаат врска со Словенија. Пакувани се во други држави, а не соодветствува и квалитетот. Граѓаните мора да знаат кога купуваат каде се пелетите произведени и како се пакувани, дури тогаш да одлучат да купат зашто во моментов имаме декларирање А1 класа, која може да е А2 или Б, за индустриска употреба – истакна Трајковски.

Share This Article