Дејан Бодирога е првиот човек на Евролигата!

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Легендата на југословенската и српската кошарка Дејан Бодирога и официјално стана нов претседател на Евролигата, како што е најавено.

Трикратниот освојувач на Евролигата, Бодирога истовремено ќе ја извршува функцијата директор, а Џорди Бертомеу заминува во пензија по 22 години.

По блескавата играчка кариера, Бодирога беше потпретседател на Кошаркарската федерација на Србија од 2011 до 2015 година, а потоа и претседател на натпреварувачката комисија на ФИБА Европа.

„Влегуваме во нова ера на Евролигата. Во текот на изминатите дваесет години, елитното европско кошаркарско натпреварување стана сила во глобалниот спорт. Би сакал да му се заблагодарам на Џорди Бертомеу и неговиот тим за нивната визија и напорна работа и со нетрпение очекувам да продолжам да го проширувам влијанието на Евролигата и Еврокупот“, рече Бодирога.

За нов извршен директор беше назначен Маршал Гликман, кој долго време беше присутен во улога на советник.

Share This Article