More

    Дефиле на велосипедисти и мотоциклисти

    spot_img

    Со цел подигнување на свеста за поголема безбедност на велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот, во сабота, на 13 мај 2023 година ќе се одржи дефиле на кое ќе учествуваат преку 100 велосипедисти и над 30 мотоциклисти. Дефилето ќе почне во 11 часот. Велосипедистите ќе појдат од платото под мостот „Близнак“, на кејот на реката Вардар во населбата Аеродром, а мотоциклистите ќе стартуваат од фонтаната во Градскиот парк во 11.30 часот и двете групи ќе се сретнат на плоштадот „Македонија“.

    – Сите кои сакаат да дадат личен придонес за подигнување на свеста за безбедност на велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот, можат да се приклучат на ова свечено дефиле со велосипед или мотоцикл. Целта е зголемување на сообраќајната култура на велосипедистите и мотоциклистите и подигање на свеста за користење заштитна опрема при вклучување во сообраќајот – велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

    Дефилето кое ќе се одржи под мотото „Јас внимавам и безбедно возам“ е во организација на РСБСП, а партнери се компанијата ОКТА, Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност од Скопје и Црвениот крст. Поддршка за настанот даваат и здруженијата на велосипедисти и мотоциклисти „Мото клуб Безбедност“, „Прв до врв“ и „Здружението за друмски и планински велосипедизам“.

    На учесниците кои први ќе пристигнат на почетните позиции, ќе им бидат доделени стартни пакети од РСБСП. Како дополнителна поддршка на настанот, а во рамки на својата кампања за подигнување на свеста за безбедност во сообраќајот „Јас внимавам“, компанијата ОКТА ќе обезбеди велосипедски ѕвончиња, безбедносни велосипедски светла и заштитни кациги за учесниците во дефилето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img