More

    Дефанзивецот на Панатинаикос, Џорџ Балдок, е пронајден мртов во базенот во својот дом во Атина

    spot_img

    Дефанзивецот на Панатинаикос, Џорџ Балдок, е пронајден мртов во базенот во својот дом во Атина, објавија грчките медиуми.

    Засега не се соопштуваат дополнителни детали за смртта на 31-годишниот Џорџ Балдок.

    Балдок не одговарал на повиците на неговата сопруга, по што таа го повикала сопственикот на вилата во која живеел фудбалерот за да дознае што се случило. Тој го пронашол 31-годишниот Грк без свест во базенот и веднаш повикал брза помош. Лекар констатирал смрт.

    Искусниот дефанзивец речиси целата своја кариера ја мина во Англија, играјќи за МК Донс, Нортемптон, Тамворт, Оксфорд Јунајтед и Шефилд Јунајтед, пред летово да се пресели во Панатинаикос.

    Балдок е и грчки репрезентативец од 2022 година, со 12 настапи.

    Грчката фудбалска федерација побара од Европската фудбалска асоцијација да им дозволи на играчите да носат црни ленти на нивните наредни 2 натпревара во спомен на дефанзивецот Џорџ Балдок.

    Грчката репрезентација во Лигата на нации вечер ќе гостува во Лондон против Англија, а на 13 ќе се соочи со Ирска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img