Дефанзивецот на фудбалската репрезентација на Панама, Жилберто Ернандез, почина откако беше застрелан во градот Колон во неделата, јавуваат локалните медиуми.
Ернандез (26) играше за Клубот Атлетико Индепендиенте де Ла Хорера во панамската фудбалска лига, а забележа два настапи за националниот тим.
Локалните медиуми објавија дека Хернандез е убиен во пукање во Барио Норте во градот Колон. Во тој судир се повредени уште седум лица.
Националната полиција во понеделникот го потврди апсењето на осомничениот за убиство на фудбалер.