Случајот со двегодишната Данка Илиќ, која исчезна, или како што постојат сомневања на 26 март беше убиена од осомничените Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, станува се поголема мистерија.
Имено, се наближува рокот за покренување обвинение против двајцата, а доколку до септември не се најдат конкретни докази против нив, тие ќе бидат ослободени.
Во оваа прилика се огласи Милан Илиќ, дедото на Данка, кој се сомнева дека вистината е „нешто друго“.
– Сите сме многу разочарани. Не знаеме што да мислиме, се сомневаме во сето она што ни е кажано досега, бидејќи со текот на времето излегува дека нема докази. Почнав да верувам, односно да се надевам дека Данка е уште некаде и дека е жива. Дај боже да ја предале некому, а не да ја убиле. Она што кај нас пробуди дополнителен соменж е објавата што се појави на профил наводно од Радослав Драгијевиќ, таткото на Дејан, а тој напиша дека мојата внука е во Дизелдорф, Германија – изјави тој за Телеграф.
Тој додава дека надлежните редовно ги информираат Милош и Ивана како напредува случајот, но дека, како што вели, веќе не знаат кому да му веруваат.
– Прво признаа дека ја убиле, а потоа рекоа дека не. Добивме пријава дека во моментот на исчезнувањето биле во автомобил пред куќата во Бањско. А, сега дознавме дека нивните адвокати тврдат оти Ивана кобниот ден не била ни во Бањско Поле и затоа не можела да ја фотографира Данка, туку дека фотографијата што снаата им ја дала на медиумите е направена којзнае кога. Мислам дека се е тоа страшно… – вели Милан.Тој вели дека Ивана и Милош добро се справуваат со оглед на целата ситуација.
– Снаата неодамна се породи, таа и бебето се добро. Милош работи… Се држат, со оглед на тоа што им се случува, добро се. Што да кажам, сега се сомневаат во сѐ… Па , пак велам, сакав да ми беше жива и здрава внуката – додава дедото.
Да потсетиме, вештачењата на ДНК и ГПС досега пристигнаа во обвинителството и нивната анализа е во тек. Три автомобили беа вештачени и досега се сослушани околу 25 сведоци.
Сведоците засега нема дополнително да се сослушуваат.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации ги уапси Срѓан Ј и Дејан Д. од Бор, кои се осомничени ја удрил девојката со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставил во багажникот на автомобилот и го однел на депонија.
Телото на девојчето сѐ уште не е пронајдено.