Во Мадрид, Шпанија и оваа година се одржа трката „Дедо Мраз“ на која учествуваа неколку илјади луѓе.
Неколку илјади луѓе од сите генерации ја истрчаа делницата долга 4,5 километри. Меѓу Дедо Мразовци имаше и деца облечени во зелени костими на џуџиња.Дедомразовската трка секоја година има различни причини за нејзино организирање, а организаторите тврдат дека е најголема од ваков тип во светот.