Македонија доби центар за третман и лекување лица со прекумерна тежина. Тој беше отворен до клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
– Дебелината е сериозен глобален здравствен проблем и има загрижувачки растечки тренд во светот и кај нас. Потребен е центар за интеграција во кој овие пациенти ќе се упатуваат на лекување. Токму поради тоа ќе имаат и центар во нашата земја за дијагноза и третман на дебелина – изјави министерсот за здравство Фатмир Меџити.
Македонија нема статистички податоци за евентуални смртни случаи како последица од прекумерната тежина, а познато е дека луѓето со прекумерна тежина беа под голем ризик во пандемијата со ковид-19.
Ендокринологот Ирфан Ахмети изјави дека ќе се направи регистар лица кои ќе се лекуваат на клиниката.
Според д-р Ахмети причини за прекумерната тежина се начинот на исхрана, самата лоша исхрана, немањето физичка активност и долгото останување пред компјутер и пред телевизор.
Стресот исто така е фактор.