More

    ДДВ-то за струјата ќе се зголеми на 18 отсто

    spot_img

    Владата нема да се повлече од намерата ДДВ-то на сметките за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар да се зголеми од 10 на 18 отсто од 1 јули, потврди министерот за финансии Фатмир Бесими.

    Одговарајќи на новинарско прашање зошто Владата не се ангажирала струјата и натаму да има ДДВ од 10 отсто, Бесими рече дека нема да има законски интервенции.

    Според министерот, во моментов се прават пресметки и наскоро ќе се знае каков е ефектот на блок тарифите и во однос на ДДВ-то.

    – Тие што помалку трошат, имаат пониска цена и така секое ниво на тарифа. Веќе ги имате пресметките и кога ќе биде официјално, ќе видиме каков е ефектот на блок тарифите во однос на ДДВ-то. Владата даде препорака и треба да знаеме дека постапува во две основи – едно е како носител на политиките, а друго е како сопственик на ЕСМ. Владата им даде препораки на Управниот одбор со цена пониска на цената на чинење. Со блок тарифите се таргетира поддршката за електрична енергија за домаќинствата со пониски примања и се постигнува тие што трошат помалку, да добиваат пониска цена – кажа Бесими.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img