More

    Даути се испокара со пратениците во Комисијата за социјална политика

    spot_img

    Во Собранието повторно не се одржа седницата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади откако претседателката Илире Даути, повикувајќи се на член од Деловникот, одби да го стави на гласање предлогот на Јованка Тренчевска од СДСМ како прва точка на дневен ред да бидат измените на Законот за бранителите.

    Даути, која е пратеничка од Алијансата на албанците од крилото на Зијадин Села и е дел од опозицискиот Европски фронт, се повика на член 176 од Деловникот на Собранието и рече дека времето за ставање на дневен ред на Комисијата на овој закон е поминато.

    Измените ја поминаа потребата за усвојување на пленарна седница во септември и требаше да поминат на комисиска расправа во рок од 24 часа, но пратеничката Даути тогаш ја одржа седницата, но не ја стави точката на дневен ред. Таа тогаш рече дека додека во измените не се додадат и правата на борците на ОНА, нема да го стави предлогот на дневен ред. Пратениците од СДСМ потоа бараа таа седница да ја закаже спикерот Африм Гаши, но тој одби, со образложение дека седницата се одржала.

    – Нема ниту еден член во Деловникот којшто мене ме обврзува една ваква точка да додадам во дневниот ред – одговори денеска Даути на барањето на Тренчевска.

    Пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска, која е предлагач на измените за Законот за бранителите, ја обвини Даути дека неколку пати ја  злоупотребува својата позиција и влегува во расправа за суштината на законот. Со тоа, додаде Петровска, Даути ги прекршува и Деловникот и Уставот и ги става сите пратеници на Комисијата во нерамноправна положба.

    – Околу процедурата, кога ги цитирате членовите според кои кажувате дека рокот поминал, според член 83 од Деловникот кога еден пратеник ќе достави предлог за дополнување на дневниот ред без расправа, вие сте должна да го ставите тоа на гласање – рече Петровска.

    Таа истакна дека овој закон не е ништо од она што тие се обидуваат да го претстават, односно како предлог чија цел е кревање на тензии итн.

    – Ова не е нов закон. Само доуредува право кое Собранието на оваа држава во еден друг собраниски состав во 2002 година го донело. За какви нови прашања вие обвинувате дека ние отвораме и сакаме да создаваме некоја тензија? Овие права, кои само се доуредуваат со предлог-измените, се веќе во сила, но, не се доуредени за еден дел од семејствата на припадниците на безбедносните сили. Следствено, и во самиот закон, кој е веќе во сила, таа категорија на граѓани за кои вие се залагате да се решат во истиот закон, во суштина се означени како посебна категорија, односно како некои кои се бореле против државата – рече Петровска.

    На ова пратеничката Даути повтори дека нема да го стави законот на дневе ред.

    – Ваков закон, во форма како што вие сте предложиле, запишете некаде за да запамтите, преку мене нема да помине. Дали разбирате? Не поминува – рече Даути.

    Таа додаде дека ако еднаш е направен пропуст во законот што претходно е донесен, не значи дека треба да се продолжи и со други пропусти.

    Според Даути, законот треба да се повлече и во него да се стават и припадниците на ОНА.

    – Ве молам да имаме почит за тие луѓе кои паднале, да не им ги задираме коските таму каде што паднале. Барам еднаков третман за сите. Колку и да инсистирате, јас ќе го повторам истиот став – рече Даути.

    Даути обвини дека ова се прави за да се задира во емоциите на луѓето.

    Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ побара од Даути да го стави предлогот на гласање и да престане со зборување, на што Даути ѝ врати дека правилата на Комисијата ги кажуваа таа.

    Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ ѝ се обрати на Даути забележувајќи ѝ за нејзиниот однос кон другите пратеници.

    Седницата беше прекината и не се знае кога повторно ќе биде свикана.

    На предложениот дневен ред на денешната седница на Комисија беше изменување и дополнување на Законот за посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img