Дарко Лазиќ на својата избраничка Катарина и купи нов автомобил.
Откако по вторпат стапна на „лудиот камен“, српскиот фолк пејач Дарко Лазиќ реши да се смири и животот да го посвети на кариерата и сопругата Катарина со која се забавуваше уште во младоста.
Лазиќ сега одлучил да ја изненади својата поубава половина и да и купи скап автомобил. Дарко на својот инстаграм-профил сподели фотографија на која Катарина позира седната врз новото ауди, а во рацете држеше огромен букет црвени рози.
Вредноста на овој автомобил се проценува на неколку десетици илјади евра, а заедно со објавата, пејачот на својата сопруга и ја посветил песната „За тебе секогаш ќе бидам тука“. Катарина исто така ја сподели објавата на својот инстаграм-профил, додавајќи емотикон за срце.
ФОТО: Инстаграм