More

    Дарко Чурлинов е хоспитализиран во клиниката во Белград поради сепса

    spot_img

    Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов е хоспитализиран во клиниката во Белград поради сепса предизвикана од расипан заб или од анестезијата после орална интервенција, откри селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски, кој додаде дека фудбалерот се наоѓа во стабилна состојба и дека нема простор за загриженост.

    – Му посакувам брзо оздравување на Дарко Чурлинов кој сѐ уште е сместен на клиника во Белград и има здравствени проблеми. Јас се надевам дека за брзо време ќе излезе од болница. Најлошото е зад него, имал внатрешно труење, но ни лекарите не ја знаат причината – дали е од расипан заб или од анестезија. Дарко имаше сепса, но знаејќи каков борец е и каков силен карактер, јас сум убеден дека наскоро ќе ја напушти болницата – изјави Милевски.

    Чурлинов игра на позицијата крило, а за македонската фудбалска репрезентација има забележано 20 настапи и има постигнато 4 голови.

    На клупски план, тој игра за англискиот тим Барнли.

    Фото: ФФМ

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img