More

    Дарио Ивановски и Миљана Рељиќ го носеа македонското знаме

    spot_img

    Атлетичарот Дарио Ивановски и таеквондистката Миљана Рељиќ како знаменосци ја предводат шестчлената македонска делегација на уникатното олимписко дефиле низ реката Сена на церемонијата на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.

    Македонија на Олимписките игри во Париз ќе настапи со шест спортисти во шест спортови и со четворица судии. Боите ќе ги бранат: Дарио Ивановски (атлетика), Владимир Егоров (борење/ до 57 кг, слободен стил), Никола Ѓуретановиќ (пливање/ 400 метри слободно), Анастасија Мојсовска (стрелаштво/10 метри воздушна пушка), Еди Шерифовски (џудо) и Мила Рељиќ (таеквондо). Покрај спортистите, Македонија на ЛОИ ќе ја претставуваат и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет), Иван Михајловски (триатлон) и Анета Павловска (тенис).

    Париз е домаќин по трет пат во историјата, по 1900 и 1924 година и му се придружува на Лондон, кој ги организираше Игрите во 1908, 1948 и 2012 година. Организацијата на Игрите ќе чини околу девет милијарди евра.

    На Игрите учествуваат 10.714 спортисти, во 32 спортови, од 206 земји и територии, плус група спортисти кои ќе се натпреваруваат под знамето на МОК, како и тимот за бегалци. Поради војната во Украина, Русија и Белорусија не учествуваат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img