Данската манекенка Брижит Нилсен уживаше со своето мало семејство на плажата во Марбела, Шпанија. Таа доцна роди мало девојче, а откри и интересни детали од бракот со 15 години помладиот сопруг.
Данската манекенка Брижит Нилсен уживаше со своето мало семејство на плажата во Марбела, Шпанија. Семејството безгрижно ги впивало сончевите зраци и се разладувало во морето, а 59-годишната Брижит облекла едноделен црн костим за капење. Своите несовршености кои доаѓаат со годините ги криела со наметка.
Во 2018 година, актерката ја шокираше јавноста објавувајќи дека е бремена, а многумина ја осудија поради тоа. Тие коментираа дека родила сопствено внуче и дека ќе и биде тешко да се грижи за тинејџерка во 70-тите години. Таа роди ќерка на 55 години, а бракот со 15 години помладиот телевизиски продуцент Матија Деси и е петти. Данката е позната по улогата во филмовите „Црвена Соња“ и „Роки VI“, а акциониот херој Силвестер Сталоне и е поранешен сопруг.
Нилсен се обидувала да забремени повеќе од 10 години, а Фрида ја родила благодарение на ин витро оплодување.
„Медицинско потпомогнатото оплодување беше долго патување за мене. Сакам да им дадам до знаење на жените дека се е можно, но и тие мора да бидат реални. Имаше многу разочарувања“, рече таа.
Брижит својата актерска кариера ја започна во филмот „Црвена Соња“ со Арнолд Шварценегер, со кој имаше кратка врска. Набргу по раскинувањето со него, таа го запознала Силвестер Сталоне, кој бил 17 години постар од неа, и се омажила за него во 1985 година.
Подоцна ги открила деталите од нивниот брак кој траел само две години и рекла дека го освоила Сталоне на снимањето на филмот „Кобра“ затоа што му праќала разголени фотографии во хотелот. Нивната среќа кратко траеше по венчавката.
„Денот по венчавката Силвестер целосно се промени. Станав негова сопственост, како автомобил. Беше страшно“, рече таа тогаш.
Таа зборуваше и за неговите сексуални вештини.
„Не беше добар ни во кревет! Беше како зајаче“, истакна таа. Нилсен го има синот Џулијан со нејзиниот прв сопруг, композиторот Каспер Виндинг.
Данската жена ги имаше синовите Раул Аиртон и Даглас Арон со четвртиот сопруг, швајцарскиот актер Раул Мајер. Покрај тоа, таа го има синот Килијан Маркус со нејзиниот поранешен вереник, поранешниот американски фудбалер Марк Гатино.
Покрај манекенската кариера, Брижит се занимаваше и со глума, па позната е по улогата во филмот „Полицаец од Беверли Хилс“ со Еди Марфи, а се појави и во спотот на Мајкл Џексон „Liberian Girl“.